Лавров се сретна со Османи и шефот на дипломатијата на Малта

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров попладневно се сретна со претседавачот на ОБСЕ, Бујар Османи и шефот на дипломатијата на Малта, Јaн Борг.

„Сергеј Лавров со министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Малта - сегашен и иден претседавачи на ОБСЕ“, објави на Фејсбук Руската амбасада во земјава.

А портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, обвини за провокација за време на средбата на ОБСЕ. Според објавата на Телеграм, Захарова вели дека на местото кое било за Русија, осамнал лист на кој пишувало резервирано за НАТО.

„На масите во салата за состаноци на советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборуваше Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО“, вели Захарова.