Лавров: Подготвени сме да ја одбраниме иднината на ОБСЕ

Руската делегација остана во Скопје, а Блинкен и Борел избегаа, тие се едноставно кукавици – вака рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров им одговори на новинарите откако беше праан дали се чувствува изолиран со ставовите во ОБСЕ.

Како и во говорот на министерскиот состанок, Лавров го впери прстот во САД како единствени виновници за тоа што се случува во ОБСЕ. Русија имала цврсти доакази дека запдните претставници ги користат структурите на организацијата во нивна корист. Не постојат шанси за опстанок на ОБСЕ, порача Лавров.

- Блинкен го избегна состанокот, но јас еве сум тука, него не го гледам. Денеска госпоѓа Захарова ми покажа две различни фотографии објавени во македонските весници. Првата беше од вечерата, кога сите пристигнуваа на вечера, направиле фотографии за да објават во весници дека сите дошле освен Лавров. Останатите весници прикажаа фотографии од утринското отворање, каде што бев присутен со сите мои колеги, но немаше украински министер, ниту претставници од балтичките држави. Секретарот Блинкен и Борел си заминаа. Зошто го направија тоа. Мислам дека сакаа да ја нагласат нивната намера да ја изолираат Русија, тие се едноставно кукавици, дека се плашат од каков било искрен разговор со фактите во рака. Подготвени сме да ја одбраниме иднината на ОБСЕ. Од друга страна,има кукавици и оние кои сакаат да ја украинизираат агендата на ОБСЕ. Русија нема да претрпи пораз на самиот терен. - изјави Лавров.