Лавина реакции по изјавата на Бајден за можен руски напад во Украина
Foto

Лавина реакции по изјавата на Бајден за можен руски напад во Украина

Продолжуваат преговорите меѓу сад и русија за смирување на состојбата во украина. Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен вели дека на официјална Москва јасно и е посочено со какви последици ќе се соочи земјата, не само од САД туку и од ЕУ, доколку продолжи со агресијата кон Украина.

Истиот став дели и Претседателот на САД, Џо Бајден, кој предупреди дека Русија се подготвува за напад врз Украина, иако смета дека Путин се уште не донел конечна одлука...Според Бајден, секој премин на руската армија преку границата ќе се смета за инвазија а Русија за тоа ќе плати висока цена.

 „Ако Русија оди во Украина, тоа ќе има катастрофални последици. Претпоставувам дека Путин ќе тргне кон Украина. Целосната инвазија на земјата, сепак, ќе предизвика одговор што скапо ќе ја чини Русија и нејзината економија.“ - изјави Џо Бајден претседател на САД. 

Официјална Москва се уште останува на барањата НАТО да не се прошири во Украина и да нема ново распоредување на оружје во соседните земји. Од Кремљ велат дека реториката на американскиот претседател не помага да се смират тензиите околу Украина и само може дополнително да ја дестабилизира ситуацијата. 

Во меѓувреме, група Руски пратеници побараа од Владимир Путин да ги признае проруските сепаратистички области во источна Украина како независни држави. Во предлогот се наведува дека Русија треба официјално да ги признае двете самопрогласени републики како независни држави за да ги заштити жителите од надворешни закани. Во 2014-та година Русија го анектираше Крим и ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина кои со мали прекини, постојано војуваат со украинската армија.

„Ви се обраќаме со барање да го разгледате признавањето на Народна Република Донецк и Народна Република Луганск како самостојни, суверени и независни држави.“ - се наведува во предлог-резолуцијата.  

A високи претставници од ЕУ, НАТО, САД и ОБСЕ синоќа имале нов разговарале за се понапнатата ситуација меѓу Украина и Русија. Утре пак во Женева ќе се оддржи нова рунда преговори Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

0 Коментари

Остави коментари