Латифи за ТВ 24: Во буџетот на МОН за 2022 буџетирани се околу милијарда денари за подобрување на студентскиот стандард

Советникот на министерот за образование Шпетим Латифи во емисијата 24 анализа потенцираше дека некој кој ги брани интересите зна студентите е токму МОН и не разбира зошто се на спротивставени стани. 

- Министерот Јетон Шакири најтранспарентно ги води разговорите со двете страни за подобрување на стандардот. Има простор за подобрување и студираат подостоинствено. Во образованието капиталните инвестиции и носење на заеднички политики и измените на законите во интерес на студентите и професорите, во буџетот на МОН за 2022 буџетирани се околу милијарда денари и тие веќе се околу 70% реализирани до овој момент. - вели Латифи.