Лаптопите биле швајцарска донација за Собранието, не за пратениците
Набавката на модерните сто лаптопи во вредност од по илјада евра е дел од пакетот за соработка со швајцарската амбасада и е објавена од од Бирото за јавни набавки - изјави собранискиот спикер Талат Џафери.
Лаптопите се за собраниските служби а не за пратениците, вели Џафери. Тие се донација и затоа не е платен ддв за нив. Во планот за јавни набавки, соопшти Џафери,било предвидено да се набават сто компјутери за службите на собранието, а не за пратениците.

