Лампард: Ливерпул и Сити поставуваат нови стандарди во Англија
Foto

Лампард: Ливерпул и Сити поставуваат нови стандарди во Англија

Ливерпул и Манчестер Сити поставуваат нови стандарди што другите тимови од Премиер лигата мора да ги следат, изјави менаџерот на „сините“, Френк Лампард по неговата победа од 2:1 над Пеп Гвардиола и Сити. 

Токму тимот од Лондон ги направи „црвените“ од Мерсисајд шампиони во четвртокот вечер.

Лампард, кој освои три титули со Челси како фудбалер, му честиташе на Ливерпул за време на прес-конференцијата по натпреварот.

– Мислам дека во последните три сезони Ливерпул и Сити се натпреваруваа едни против други, далеку од сите други. Овие две екипи завршија многу работа за да го достигнат ова ниво. Разликата со другите е огромна, но мора да ја избришеме. Ние сакаме да се развиеме и да бидеме покрај двете најдобри екипи во светот. Повторно, му честитам на Ливерпул за она што го направи, рече Лампард.

Челси е на четвртото место на рангот и е со 32 бода зад Ливерпул.

0 Коментари

Остави коментари