Лајчак: Западен Балкан треба да остане високо на европската агенда

Претставникот на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека разговарал со министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

Тие разговарале за Западен Балкан и се согласиле дека од клучно значење е регионот да остане високо на европската агенда. 

„Ја започнав неделата со средба со министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, пред денешниот Совет за надворешни работи. Взаемно се информиравме за нашите неодамнешни патувања на Западен Балкан и се согласивме дека е клучно регионот да остане на високо на нашата европска агенда“, посочи Лајчак.