Лајчак во нова посета на Белград
Специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак денеска е во Белград, каде што ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Лајчак доаѓа во Белград во пресрет на средбата меѓу главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, најавена за 16 ноември во Брисел.
На 7 ноември Лајчак ја посети Приштина, но не се сретна со косовскиот премиер Албин Курти, туку со неговиот заменик Бислими. Следниот ден тој се сретна и со лидерите на косовската опозиција. Со Бислими и лидерите на опозицијата, Лајчак разговараше за нацрт-статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство, кој во Приштина и Белград го донесоа „големата петорка“ - САД, ЕУ, Германија, Франција и Италија.