Лајчак и Ескобар побараа од Курти конретни чекори за смирување на состојбата во северно Косово
Три барања на меѓународната заедница за косовскиотр премиер...европските и американски дипломати побараа од албин курти да преземе конкретни чекори за смирување на состојбата во северно косово, каде што повеќе од десет дена протестираат локалните срби против новоизбраните градоначалници. Специјалниот Според Пратеникот на ЕУ за дијалог меѓу србија и косово, мирослав лајчак и специјалниот претставник на сад за западен балкан, габриел ескобар, последните барања се само почеток на мисијата за нормализирање на односите меѓу србија и косово
Американскиот пратеник, ескобар вели дека главно барање кое му е дадено на курти е да ја послуша меѓународната заедница...преговорите продолжуваат и денеска кога е закажана средба со косовската претседателка, вјоса османи...после тоа заминуваат за белград, каде што треба да се сретнат со претседателот на србија, александар вучиќ..
Поранешниот косовски премиер рамуш харадинај пак го обвинува албин курти дека сака да го подели косово за да го избегне формирењето на заедницата на српски општини...
Србите на северот на косово и денеска повторно се собраа пред објектите на локалната самоуправа...барања остануваат исти, специјалните полициски сили да си заминат, новоизбраните градоначалници да ги напуиштат општинските згради, како и да се ослободат двајцата срби кои беа успсени минатата недела...За Учество на евентуалните вонредни избори, србите бараат целосно повлекување на специјалните единици од северот и формирање заедница на српски општини.