Лацио загуби трет натпревар по ред во Серија А, титулата речиси недостижна
Foto

Лацио загуби трет натпревар по ред во Серија А, титулата речиси недостижна

Тимот на Лацио, кој до пред кризата со коронавирусот беше многу сериозен конкурент за шампионскиот трофеј, влезе во резултатска криза. „Лацијалите“ попладнево загубија на свој терен од Сасуоло (1:2) во натпреварот од 32. Коло, иако на полувреме водеа со 1:0.

За римскиот клуб единствениот погодок го постигна Луис Алберто, додека за Сасуоло погодија Џакомо Распадори и Франческо Капуто.

За Лацио, овој пораз беше трет по ред во Серија А.

Сасуоло го зазема 8. место на табелата со 46 бода, Лацио е втор со 68 бода.

0 Коментари

Остави коментари