Квебек: Маскиран маж со нож уби две лица, мотивот – непознат
Foto

Квебек: Маскиран маж со нож уби две лица, мотивот – непознат

Најмалку две лица се убиени, а други петмина се повредени во напад извршен од маскиран маж со нож во градот Квебек, јави Радио Канада.

Според информацијата на полицијата на Квебек објавена на нивната страница на Твитер, осомничениот за нападот е приведен.

Претходно, полицијата соопшти дека трага по човек кој нападнал луѓе со ладно оружје. Според неа, осомничениот бил облечен во „средновековна облека“.

Гардијан пишува дека нападот се случил за време на прослава на Ноќта на вештерките и дека младиот напаѓач бил облечен во средновековен костум и носел некаков вид нож што го искористил за нападот.

Инцидентот се случил во близина на парламентот Хил во историскиот дел на Стариот Квебек.

0 Коментари

Остави коментари