Квебек: Двајца загинати, деветмина повредени откако комбе влета во група пешаци
Две лица загинаа, а девет се повредени кога комбе влета во пешаци во источен Квебек, соопшти канадската полиција.
Возачот на комбето е уапсен на местото на настанот, а истрагата е во тек, изјави портпаролката на локалната полиција.
Несреќата се случила околу 15 часот по локално време, во градот Амкви со околу 6.000 жители.