Квалитетен пикер доаѓа во Вардар идната сезона?
Foto

Квалитетен пикер доаѓа во Вардар идната сезона?

Вардарци налето можно е да добијат големо засилување на пикерската позиција, од екипата на Барселона. Полјакот Камил Шипжак има мала минутажа  во Барселона, па бара нова средина.

Полјакот за sportowefakty.wp.pl изјавил дека имал контакти со Вардар.

„Имам понуди од Франција, Германија, но и од Македонија. Гладен сум за играње, а не за ловорики. Размислувам уште, а главна улога ќе има тоа каде ќе можам повеќе да играм. Пред да одлучам тоа ќе биде главната причина за да се решам за клубот во кој ќе ја продолжам кариерата“, рекол Шипжак.

0 Коментари

Остави коментари