Квалификации за пол позиција за Големата награда на Сахир, очите вперени во замената на Хамилтон
Foto

Квалификации за пол позиција за Големата награда на Сахир, очите вперени во замената на Хамилтон

Британецот Џорџ Расел беше најдобар на двата слободни тренинзи кои денеска се возеа на патеката во Бахреин, за Голема награда на Сахир. 22 годишниот Расел доаѓа како замена за шампионот Луис Хамилтон кој е во изолација, бидејќи е позитивен на Ковид-19. Како да немаше крај на малерите во Бареин. 

Три дена по најмалерозната трка сезонава, Формула 1 соопшти дека Луис е позитивен на Ковид-19. По трите инциденти, несреќата на Грожан, превртувањето на болидот на Строл и запалениот мотор на Перез, како капак на се дојде веста дека Хамилтон нема да го гледаме на денешните квалификации и трка. Формула 1 најави дека и официјално спроведува истрага за несреќата на Грожан, со што повторно се отвори прашањето за безбедноста на возачите и болидите, особено со дизајните на болидите кои треба да се максимално отпорни на пожар.

Фетел јавно истапи со критика како е возможно безбедносната ограда да се преполови по ударот на болидот во оградата со брзина од 220 км/ч. За среќа, Грожан помина со изгореници, но затоа болидот беше преполовен и тотално уништен по експлозијата кога се запали предниот дел, а Грожан благодарение на брзата интервенција на редарите и „хало“ заштитата, успеа да се извлече. Трката заврши со придружба на безбедносното возило. 

Возачот на Хаас на прес конференцијата по несреќата потврди дека нема да биде дел од трка за Големата награда на Сакир поради изгорениците на рацете и едната нога, но рече дека нема да го пропушти спектаклот на последната трка во Абу Даби со која ќе биде заокружена оваа натпреварувачка сезона. Во болидот на Французинот ќе влезе Пјетро Фитипалди, внук на двојниот шампион Емерсон Фитипалди (1972, 1974). 24-годишниот возач веќе трета сезона е со тимот на Хас како резерва, а досега ги имаше тестирано претходните два болида од 2018 и 2019 година.

Даниел Квјат од тимот на Скудерија АлфаТаурикој ја имаше таа несреќа да кумува на двата инциденти со Грожан и Строл и помина со казна од 10 секунди.

Расел кој вози за Вилијамс, како ултра талент позајмен од тимот на Мерцедес како замена за Хамилтон, ќе го замени денес на патеката и сите очи ќе бидат вперени во него. Се очекува дека денеска ќе биде жестока битка за пол-позицијата. На слободните тренинзи се возеше по скратена патека, а утре ќе се вози низ целата должина на Сахир. Расел беше за 0,176 секунди побрз од Ферстапен, додека за 0,265 секунди имаше подобро време од Албон. 

Макс Ферстапен од Ред Бул, беше втор на првиот тренинг на кратка патека, а трет беше Алекс Албон, другиот возач на Ред Бул. Финецот Валтери Ботас имаше четврто најдобро време.

Трката за Голема награда на Сахир се вози утре со почеток од 18 часот, а денеска во истиот термин се и квалификациите со директен пренос на тв 24.

Foto

0 Коментари

Остави коментари