Кузмановски за Студио 10: Закон за облигациони односи ја кочи наплатата на побарување
Адвокатот Љупчо Кузмановски во Студио 10 рече Закон за облигациони односи ја кочи наплатата на побарување и иницијативата што ја испратиле во Уставниот суд со надеж дека проблемот ќе се реши. Смета дека овој закој се коси со уставните одредби и се надева дека Уставниот суд и ќе реши да го стави вон сила.
- Иницијативата се однесува за член 2 од измените и дополнувањата на Закон за облигациони односи и сметам дека тој член предизвикува големи проблеми во практичното функционирање на правниот промет на правните и физички лица се во облигационо правни односи и на тој начин се создава ситуација да овој закон не наоѓа примена во пратиката на работењето. Законодавецот имал погрешен пристап кога направил промени на Закон за облигациони односи без поширока расправа во која би биле вклучени експерти од облигационото право. Овој закон е премногу суштински закон за да може да се решаваат одредени проблеми. Закон за облигациони односи може да се дефинира како мал устав во граѓанското право и има широг опсег. - рече Кузмановски.