Кузмановска во Аргумент плус: На онколошките пациенти им треба навремена и современа терапија
Пациентите болни од канцер се соочуваат со многу проблеми и предизвици во здравствениот систем нагласи претседателката на Хема-онко Милица Кузмановска во денешното издание на Аргумент плус. Таа потенцира дека македонските здравствени власти мора да изнајдат механизми со кои ќе обезбедат редовна терапија за болните од канцер, но и да се обезбедат нови и современи методи на лечење.