Кузманоски го објави списокот играчи за Светското училишно првенство во Скопје
Селекторот на машката македонска ракометна репрезентација Горан Кузманоски го објави списокот на ракометари за настап на светското училишно првенство во период од 21-29 април 2026 година што ќе се игра во Скопје.
Повикани се следниве ракометари: Атанасиј Труснов, Мели Фехми (голмани); Тома Симоновски, Андреј Георгиев, Лука Јовиќ (крила), Горазд Дамчевски, Марко Ѓорчевски, Петар Николовски, Трајче Костов, Давор Крстески, Стефан Ѓорѓиевски, Бобан Поповски (бекови), Ѓорѓи Лешниковски и Кристијан Вујичевски (пикери).
Македонските малди ракометари се во групата А со селекциите на: Грузија, Саудиска Арабија, Бугарија и Република Српска.
Свеченото отворање на шампионатот ќе се одржи вечер со почеток во 19:30 часот.

