Кузеска во Отворено: Нема ниту еден кредибилен аргумент кој покажува зошто Таравари ја напушти владата

Богданка Кузевска од СДСМ во Отворено рече дека во цела владина коалиција е во хаос. Според неа, нема ниту еден кредибилен аргумент кој покажува зошто Таравари ја напушти владата.

„Во владината коалција е хаос . Не слушнав ниту еден аргумент кој е кредибилен зошто таравари ја напушти коалцијата. Тие одат на дискредитација на личноста, калсика за ВМРО-ДПМНЕ и не серизоно власта е да зборува за чаршиски муабети. Ова е потврда дека станува збор за поделба на проценти, функции и тендери и тоа покажува дека фокусот на ВМРО-ДПМНЕ е на тендери, функции и бизнис интереси.Излегувањето на Таравари значи и покажува дека владината коалиција не е стабилна и мислам дека времето тоа ќе го покаже“, рече Кузеска.

Таа зборуваше и за тоа дека во ВМРО-ДПМНЕ има функционери кои биле инволвирани во истраги на специјалното јавно обвинителство. Според неа, кај власта има тендери кои се делат по фамилијарни врски.

„Колку ВМРО-ДПМНЕ има функционери кои биле инволвирани во предмети на специјалното јавно обвинителство. Случаи за кои има разрешници. Гледаме тендери по фамилијарни врски. Пример тендерот во министерството кај Стефан Андоновски. Она што го прават е да напаѓаат на опозицијата само да дефокусираат. Да зброуваме за тендери во општина Аеродром. Стартот ви беше лош. Не се фокусирани на граѓаните’, додаде Кузеска.