Кузеска: Непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник
Непотизам царува во Владата на Мицкоски. Континуирано се назначуваат роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, се вработуваат под државна капа. Последен е скандалозниот случај со Љупчо Андоновски, советник на премерот, татко на министерот за дигитална трансформација во Владата – Стефан Андоновски, реагираат од опозициската СДСМ.

