Кузеска: Имаме предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата

- Како што беше ветено, предлог на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се. Клучно за нас во овој предлог е дека се вградени нашите ставови и забелешли, имаме чист Македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес. Потонати се во вода сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација. Таква работа ниту имало ниту ќе има. И не може да има со чист Македонски јазик во ЕУ.
 

 

Започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја. - велат од СДСМ.