Кутиров за ТВ 24: Немам проблем да поднесам оставка ако тоа помогне во ситуацијата
Foto

Кутиров за ТВ 24: Немам проблем да поднесам оставка ако тоа помогне во ситуацијата

Директорката на царинската управа Славица Кутиров во емисијата 24 анализа истакна дека интерната процедура на царината е дека секторот за внатрешна контрола почнува истрага и сега има постапка за суспендирање на двајцата службеници кои таа вечер биле на смена и нивниот непосреден раководител и врз основа на наодите од дисциплинската постапка ќе се процени дали информациите кои ќе се се соберат, ќе има потреба да се спроведат до Јавното обвинителство.

Во врска со одговорноста како директор на царинската управа и барањето за оставка, таа истакна дека нема проблем да ја поднесе ако помогне во ситуацијата.

- Јас лично немам проблем да поднесам оставка доколку тоа би помогнало во постоечката ситуација. Ако се смета дека тоа ќе има позитивно влијание. Сметам дека царинската управа е една од најсериозните институции во државата која води постојана битка да ги олесни границите, да го забрза протокот и истовреено да контролира и тоа е тежок баланс за воспоставување. - рече Кутиров.

0 Коментари

Остави коментари