Кутиров за ТВ 24: Има индиции за сомневање за фалсификувани документи
Foto

Кутиров за ТВ 24: Има индиции за сомневање за фалсификувани документи

Директорката на царинската управа Славица Кутиров во емисијата 24 анализа во однос на документацијата на автобусите кои ги поминуваат граничните премини рече дека за овој превозник во изминатата година има повеќе од 60 преминувања на различни релации на 4 гранични премини. Има евидентирано документи како извод од лиценца со различни бројчиња. Дали бил валиден приложениот документ бил валиден, не знаат, зошто не чуваат копија од тој документ, а имаат информации за различни бројчиња на кои се евидентирани од царинските службеници за тој документ. 

- Има некакви индиции, тоа секако истрагата ќе го покаже, зошто на целата територија на повеќе гранични премини од различни царинските службенци се едидентирани слични исти бројчиња на извод од лиценцата, а истрагата треба да покаже дали тие документи што биле приложувани од превозникот и возачот се валидни или истечени. За овој автобус немаме евиденција во електронскиот систем, но имаме евидентен патен лист. - рече Кутиров.

 

0 Коментари

Остави коментари