Куртовиќ: Платата треба да биде доволна за нормален живот за работниците да не одат во странство

Државите од регионот се почесто се соочуваат со недостиг на квалификувана работна сила, а една од причините за ваквата состојба се примамливите плати што се нудат на европскиот пазар. Ваквото раздвижување на работната сила е особено изразено во летниот период кога е актуелна сезонската работа.

Самир Куртовиќ, претседател на Синдикатот на државните службеници и функционери во органите на државната служба, правосудството и јавните институции во Босна и Херцеговина во разговор за МИА вели дека повисоките плати и договорите за работа кои гарантираат сигурност се двата клучни елементи за ваквата состојба.