Кунгуловски за Студио 10: Британскиот сој е поубиствен
Доктор Горан Кунгуловски во Студио 10 рече дека ќе стигнеме во некоја нормала и тоа зависи од сите нас и од владите на сите земји. Досега ниту една влада немала серија на добри одлуки, за да потоа донесе добра одлука.
„Британскиот сој на коронавирусот е поубиствен и води до згоолемен број на смртни исходи, тоа го знаевме и кога излегоа првите изештаји во Британија, а потоа се потврдија во другите земји. Најверојатно од 30 до 50% има зголемување на смртните случаји.“ - вели доктор Кунгуловски.
Додава дека сите треба да бидеме претпазливи и да се следат сите препораки, особено носењето на маска во затворени простории.