Кулушевски опериран

Операција на десното колено му беше извршена вчера на фудбалерот на Тотенхем, Дејан Кулушевски, кој се повреди на натпреварот против Кристал Палас.

„Можеме да потврдиме дека Дејан Кулушевски го повреди десното колено на натпреварот од Премиер лигата против Кристал Палас минатиот викенд. По дополнителни консултации со специјалисти, играчот од средниот ред денеска беше опериран и веднаш ќе почне со рехабилитација со нашиот медицински персонал. Сите сме со тебе, Деки“, објави Тотенхем на социјалната мрежа Икс.

На натпреварот против Кристал Палас, кој неговиот тим го загуби со 0:2, Кулушевски ја напушти играта во 19 минута.

Идната среда Тотенхем ќе игра во финалето на Лига на Европа против Манчестер Јунајтед во Билбао, што за лондонскиот клуб ќе биде можност да го освои својот прв голем трофеј од 2008 година, кога триумфираше во англискиот Лига Куп.