Културниот синдикат бара зголемување на платите на културните работници
Foto

Културниот синдикат бара зголемување на платите на културните работници

Ако до 31 декември не се зголмат палтите на културните рабитници, синдикатот ќе ги блокира културно уметничките инситуциите, а актерите нема играат на предстојните претстави. Синдикатот бара нивелација на палтите преку кои делумно ќе бидат амортизирани како што велата тие, кататсрофалните состојби на работни места на кои со ист степен на сложеност се исплаќаат различни плати. Не можеме да зборувавме за културен и уметнички развој во државата затоа што тие кои што се грижат за културното наследство се на работ на егзизстенција, исткна претседателот на Синдикатот Сања Арсовска.

„Културата е единствена гранка која 12 години нема потпишано колективен договор, единствената гранка која има најниски плати и културни работници не може веќе да чекаат.“ - вели Сања Арсовска, претседател на СКРМ.

Од синдикатот на прес - конференцијата која за првпат ја одржа пред зградата на Министерството за култура, истакнаа дека се револтирани затоа што не им биле исполнти ветувањата за донесување на новиот закон за култура на кој се чека веќе 12 години.

„Во разговор со министерот зак ултура ни беше објаснето дека законот за културадоцни заради недонесување на законот за вработените во јавните служби. промените кои се направени во новиот закон нза култура треба да се вметнат во тој закон и да се усогласат.“ - вели Арсовска.

Претседателот на синдикатот Арсовска вели дека културни работници повеќе немаат трпение затоа што работите во културата не се мрднати од мртва точка.

0 Коментари

Остави коментари