Културна манифестација „Очи на Шопов 2025“ во Штип
По повод одбележување на делото и зборот на Ацо Шопов, во Штип од денеска до 13 мај ќе се одржува културната манифестација „Очи на Шопов 2025“.
Организаторите најавија дека во рамки на манифестацијата ќе бидат организирани повеќе настани - ликовни работилници, рецитали, концерти, ораторски натпревар, а ќе бидат доделени и наградите од натпреварите и литературните конкурси за проза и поезија.
„Очи на Шопов 2025“ се организира во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница и СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ Штип.