КУЛТУРАТА ВО МАЛИТЕ ГРАДОВИ СЕ РЕАЛИЗИРА НА МУСКУЛИ

Културните настани во Виница треба да се следат со чадор. Прокиснува кровот во фоајето на Домот на културата, па желбата да видат одредена културна содржина на голем број граѓани им се дави во кофите што ја собираат водата кога врне. Директорот на оваа институција вели, нема доволно пари за реконструкција ниту на оваа ниту на кино салата.

Спас за институциите се ИПА фондовите. Така Македонска Каменица доби нова зграда на Домот на култура. За разлика од останатите градови каде има Центри за култура, што значи пари чекаат од државата, овде  станува збор за општинска институција. Но и тука со двајца вработени одвај се собираат пари за одржување на новиот објект.

Културните институции  се жалат дека парите што ги добиваат не само што се малку за да можат да направат било што со објектите, туку не добиваат ниту доволно средства за реализација на културни проекти, дури и за оние со долга традиција како што е најстариот фестивал за хумор и сатира Ин виница веритас.

Спасот велат дел од директорите е заедничкото организирање на културни настани или условување на оние кои добиваат пари од буџетот, секаде каде тоа е можно, да имаат обврска својот производ да го презентраат во најмалку три рурални општини, бидејќи сега културната понуда зависи од креативноста на директорите и расположниетото на бизнисот.