Кулхард: Фетел нема да издржи во Астон Мартин до крајот на сезоната
Foto

Кулхард: Фетел нема да издржи во Астон Мартин до крајот на сезоната

Поранешниот возач во Формула 1, Дејвид Кулхард зборуваше за изгледите на возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел.

– Сè уште не знам како може да го врати ритамот. Мислам дека тој е вреден за тимот, со оглед на неговото искуство, тој може да го донесе болидот до целта. Но, работите се комплицираат кога ќе ја изгубите брзината. Поканата за Фетел беше со цел градење бренд не само за Астон Мартин, туку и за Ленс Строл. Ако Строл може да го победи четирикратниот шампион во Формула 1, ќе го докаже неговиот потенцијал. Со подобри резултати од Фетел, како што во Ферари тоа го направи Леклер, местото на Фетел во Астон Мартин до крајот на сезоната не знам дали е загарантирано.

Фетел се приклучи на Астон Мартин од Ферари, за кој возеше од 2015 година. Четирикратниот шампион во Формула 1 заврши на 15. место на првата трка во сезоната 2021 година возена викендот во Бахреин.

0 Коментари

Остави коментари