Куќен притвор и за петтиот осомничен за инцидентот во М-НАВ кој беше во бегство 8 дена, обвинителството ќе се жали
Трисест дневен притвор му одреди Кривичниот суд и на Лабинот Керими, 5-тиот од вкупно 8 осомничени за упадот во М-НАВ минатиот четврток. По останатите тројца се уште се трага. Керими се обидел да ја напушти државата и да замине во косово кога е фатен по централна потерница распишана од полицијата.
Од обвинителството најавија жалба откако кривичниот суд на лице кое 8 дена беше во бегство и беше фатено на граница му определи само куќен притвор.
- За лицето осомничено за кривично дело - Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје ќе вложи жалба на ваквата одлука. - велат од ОЈО.
Информациите говорат дека Лабинот Керими, бил во роднинска врска со Беким Незири, главен на огранокот на ДУИ во Чаир и водачот на групата која упадна во М-НАВ, во контролата на летање, на скопскиот аеродром, поради што сите се осомничени за загрозување на бебзедноста на воздушниот сообраќај. Тој и уште тројца се достапни и веќе се во куќен притвор. Од другастрана првиот вице премиер Артан Груби кој доаѓа од редовите на ДУИ за ТВ 24 изјави дека сите што биле вклучени во тој инцидент се вработени во институцијата и биле на работното место.
Според Груби Незири воопшто немал учествувано во физичка пресметка со Премтим или било кој друг. Ниту пак настанот се случил во контролната кула. Незири исто така како што објаснува Груби не бил тој кој ја отворил вратата за да се случи инцидентот.
Инцидентот во македонската навигација се случи пред една недела кога група од луѓе, за кои се информира дека се членови на ДУИ, упаднаа во зградатата на контрла на летање, при што бил предизвикан и физички напад и едно лице беше повредено.
Овој скандалозен упад се случи отако синдикатот најави штрајк поради револт од вработувања по партиски клуч и непрофесионализам при изборот на нови вработени. По ова следуваше разрешување на двајца директори во М-НАВ, по што Владата предложи нови лица за во Управниот одбор на агенцијата.