Куќен притвор и мерки за претпазливост за лицата осомничени дека ја нападнаа Арсовска
Арсовска ќе биде под 24 часовна полициска заштита, двете лица кои вчера ја нападнаа кривично ќе се гонат.
За едното кое и физички се пресмета со градоначалничката судот му определи куќен притвор, за второто кое продолжило со закани се бара мерки на претпазливост со забрана за напуштање на домот и одземање на патната исправа
ОЈО
- Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата “Севастополска”. Тој се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да и се заканува, по што и физички ја нападнал.Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице.
Градоначалничката Арсовска на својот фејсбук профил со серија критики до власта - дека е цел на местенки за вчерашниот инцидент. Таа ја отфрли изјавата на министерот за внатрешни Тошковски дека не била нападната пред полициски службеници. Истата ја поткрепи и со видео материјал.
Арсовска
- Лага било дека се случил нападот пред полициски службеници? Гледа народ, има очи, има ум. Заложници сте на една организирана криминална банда.Вчера заседавале во штаб на состанок за справување со кризата “шефе ми текна, а да кажеме таа го тепала командантот на ОВК”
Од Министерството за внатрешни работи, велат дека професионално постапуваат по случајот, но и по сите пријави на Арсовска иако таа како и дел од вработените на град Скопје недоволно соработуваат со полицијата.
МВР
- На 01.06.2025 година, г-ѓа Арсовска била изложена на закана од возило во движење. Иако нејзината првична реакција не вклучувала информирање на МВР, полицијата веднаш постапи по сопствени оперативни сознанија. Против полицискиот службеник за кого Арсовска обивни дека и се заканувал веќе е поведена дисциплинска постапка. Преземени се дејствата и за нападот врз советничката Ирена Витина, како и за последниот во кој се приведени две лица, а по проценките на АНБ Арсовска ќе биде под полициска заштита.
Од СДСМ пак побаар оставка од првиот човек на полицијата Тошковски. Ова е длабока авторитарна власт, која не бира средства за да го заштити криминалот, велат од партијата.
Премиерот Мицковски пак вели дека за Данела многу работи се кажани, но ги повика институциите да го расчистат случајот.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го осудува секое насилство врз жена, вклучувајќи и насилството врз градоначалничката Данела Арсовска, доколку истото се случило.
Од кабинетот на претседателката Давкова за ТВ 24 одговорија дека го осудуваат секое насилство врз жена вклучувајќи го и тоа врз градоначалничката доколку како што истакнаа оттаму истото се случило.
Осуда за нападот пристигна од Француската амбасада, но и од Советот на Европа Насилството, особено врз избраните политичари, е неприфатливо.“ „Ќе продолжиме да се бориме против насилството врз жените во политиката, соопшти претседателот на конгресот Марк Кулс
Арсовска изминативе неколку месеци објавува видео снимки од скопската општина Чаир каде ги детектира дивоградбите и иститие ги поврзува со градоначалникот на општината Чаир. За голем дел од нив има поднесено и кривични пријави. Обвинителството објави дека по пријавите веќе се постапува.

