КУД Браќа Минкови од Куклиш одбележа половина век постоење

КУД Браќа Минкови е симбол за населеното место Куклиш. Речиси секој жител на Куклиш поминал низ секциите играорната, драмската и пејачката секција на ова друштво кое одбележа половина век постоење.

Еден од основачите е Ванчо Велковски кој вели дека Браќа Минковие е заштитен белег жителите од Куклиш.

Актерот Борче Начев своите први почетоци ги направил во КУД Браќа Минкови во Куклиш. Според него опстојувањето на вакви друштва значи и негување на македонскиот фолклор во руралните средини и насочување на многу таленти кон уметноста и културата.

По опожорувањето на културниот дом пред десетина година , КУД Браќа Минкови функционира отежнато. Пробите и вежбите ги прават во измпровизирани простории се со цел да се продолжи традицијата. 

Деновиве во Куклиш почна реконстуркцијата на културниот дом. Според проекциите првата фаза треба да биде готова идната година со што членовите на КУД Браќа Минкови повторно ќе добијата своја сцена за реализација на сите програмски активности