КСС: Економските мерки се недоволни
Foto

КСС: Економските мерки се недоволни

Конфедерацијата на слободни синдикати на Мсмета дека состојбата во стопанството е алармантна и дека актуелните економски мерки не се доволни и не се применуваат.

Од владата очекува стратегија за да нема губење работни места, ниту намалување на платите. воедно бара конкретни чекори како работниците да се пријават и да ги исползуваат бенефитите од компензацискиот фонд – мерка која би им помогнала без исклучок.

Според КСС, здравствената и економска криза многу брзо ќе се претвори во социјална. Секојдневно се зголемува бројот на невработени во реалниот сектор. Притоа, импровизации не смее да има, мора да се слушне гласот на експертската јавност.

-Бараме, врз основа на јавно дадените изјави од страна на премиерот, оливер спасовски за почнување со работа на солидарниот фонд за компензација на национално ниво за работниците кои го изгубија или ќе го изгубат работното место, да излезе со конкретни чекори како можат работниците да се пријават и да ги исползуваат бенефитите од компензациониот фонд. Економските мерки се недоволни. Индексите за мерење на економската помош со која земјите се справиле со корона кризата кажуваат дека сме на последно место во регионот и во европа, велат од Конфедерацијата.

0 Коментари

Остави коментари