КСОМ: “Крпен живот“: Цените до плафон, платите исти

Додека граѓаните крпат крај со крај поради поскапувањата, зголемената инфлација, покачените цени на основните прехранбени прозиводи, а платите остануваат исти, од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија упатија барање до Владата да се формира социјално економски совет, за да се решат проблемите со кои што се соочуваат граѓаните.

Поради ниските плати и скапиот живот, работниците бараат спас во други земји. Огромен е бројот на полициски службеници, на медицински сестри и на наставниот кадар кои што ја напуштиле земјава. 

Телевизија 24 побара став од Владата дали и што ке превземе по ова барање на Конфедерацијата но од таму не добивме одговор.

Доколку не се исполнат барањата од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија најавуваат радикални протести и штрајкови.