Кржаловски во Аргумент плус: Не треба да имаме големо очекување за гласањето на европскиот извештај

Александар Кржаловски од МЦМС во Аргумент плус рече дека, не треба да имаме големо очекување за гласањето на европскиот извештај.

Според него, топката веќе не е кај Бугарија туку кај Европската унија.

„Моето мислење е дека не треба да имаме големи очекувања за европскиот извештај веројантно ќе биде интересна недела. Од Бугарија се гледа продолжение на се што прават во последниве неколку години а тоа е дека топката не е кај нив туку е европски консензус и нема што да бараме и очекуваме од нив. Се држат до тоа дека ова е ситуација меѓу Македонија и ЕУ. Радев изјави дека нема да имаат повеќе барања и нагалси каде се вклучени барањата, се што бараа тие е вклучено во сите документи кои се формално во ЕУ и сметаат дека од нивна страна работата е завршена, сметаат дека Македонија ги прифатила и сега треба да ги спроведе. Прашање е колку ќе се испочитува се тоа. Не се многу гласни и не долеваат масло во огнот“, рече Кржаловски.