Кржаловски: Не верувам во сценарио да пропаднат претседателските избори, заканите се предизборна реторика
Не верувам во сценарио да пропаднат претседателските избори, условите и заканите се само дел од предизборната реторика - вели за ТВ 24 Александар Кржаловски директор на МЦМС.
Тој иако не исклучува опција за т.н бугарско сценарио, односно никој да не формира влада, сепак смета дека ВМРО-ДПМНЕ,не ќе најде политичко алиби за условувањата од албанскиот блок со уставните измени за внесување на Бугарите во него.