Крвава свадба во Авганистан, бомбаш самоубиец уби 60 луѓе
Foto

Крвава свадба во Авганистан, бомбаш самоубиец уби 60 луѓе

Крвава свадба во авганистан. Шеесетина лица загинаа, а над 200 се повредени, меѓу кои голем број на жени и деца, откако бомбаш самоубиец го активирал експлозивот во сала за прослави во Кабул. Експлозијата се случила околу 22:40 по локално време во западниот дел од градот, каде претежно живеат шиитски муслимани.

„Експлозијата се случи во близина на местото каде што се наоѓаа музичарите. Убиени се сите кои беа во близина. Меѓу нив имаше многу млади луѓе.“  изјави Гул Мохамад.

„Имаше многу загинати. На свадбата присуствуваа околу 1200 гости. Бевме во друга соба кога ја слушнавме експлозијата. Не можев никого да најдам. Сите лежеа на подот на салата.“  изјави Ахмад Омид.

Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката група Исламска Држава од каде соопштија дека еден нивни припадник го активирал експлозивот внатре во објектот. Сепак, петседателот на Авганистан, Аграф Гани порача дека талибанците сепак носат дел од вината.

„Силно го осудувам овој нехуман напад. Мој приоритет сега е да им помогнам на семејствата на жртвите во овој варварски напад. Во името на целата држава, сакам да испратам сочуство до фамилиите на загинатите.“ - напиша Гани на Твитер.

Пред само десет дена, силна експлозија одекна пред полициска станица во Кабул. Тогаш загинаа 14 лица а околу 150 беа повредени. Последните напади се случуваат во период кога талибанците и Соединетите Американски Држави преговараат за договор со кој се предвидува повлекување на американските сили од Авганистан. За возврат, Талибанците треба да им се посветат на мировните преговори со владата во Кабул.

0 Коментари

Остави коментари