КРВАВА ДРАМА ВО ГРАДСКАТА БОЛНИЦА „СВ НАУМ ОХРИДСКИ“
Foto

КРВАВА ДРАМА ВО ГРАДСКАТА БОЛНИЦА „СВ НАУМ ОХРИДСКИ“

Вистинска драма се случувала во градската општа болница Св наум Охридски Два часа по полноќ група која донела пациент со исекотини го нападнала персоналот и обезбедувањето. Расправијата продолжила и со полицијата која била повикана напомош. Гневните познаници на пациентот се пресметале и со полицајците. Од МВР велат дека едно лице било приведено а пријава ќе има и за другите лица.

- „Полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(31) од Скопје поради тоа што во 02.45 часот во болницата физички нападнал вработен како обезбедување во болницата и двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија и интервенирале по пријава за физичкиот напад врз вработениот. С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Исто така, ќе биде поднесена пријава по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за уште две лица кои биле со С.М.“ - велат од МВР.

Директорот на градската општа болница „Св. Наум Охридски“ вели дека ова не е прв случај. Лекарите и медицинскиот персонал секојдневно се изложени на ризик и напади.

За овој и за неодамнешните напади реагираше и лекарската комора. Оттаму бараат конкретни и трајни решенија за ваквите појави и строги казни за напаѓачите. Од лекарската комора побраа и средби со минситрите за здравство и за внатрешни работи за да се најдат заеднички решенија.

 

0 Коментари

Остави коментари