Крвав пир во Хрватска
Седумгодишно дете е убиено во напад со нож во основно училиште во Загреб, а повредени се пет лица, од кои три деца и двајца возрасни. Полицијата соопшти дека нападот го извршил 19-годишник, кој притоа и самиот си нанел повреди.
Освен повредената наставничка која е во животна опасност, останатите повредени се со полесни повреди. Напаѓачот е под надзор на полицијата. Минисерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ изјави дека е згрозена од нападот. Таа изрази сочувство до семејството на починатото дете, а за повредените рече дека се пренесени во болница. Полицијата во Загреб соопшти детали за нападот.
„Денеска, 20 декември, околу 9.50 часот, 19-годишен хрватски државјанин со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во воспитно-образовна установа во месноста Пречко. Напаѓачот е под полициски надзор, а на повредените им е укажана лекарска помош. Едно дете почина од повредите.“- Загребска полиција.
Проговори мајката на напаѓачот, вели спиевме во страв од него и е нестабилен.
„Го молев докторот да не го пушта од болница затоа што не е способен за излегување. Тој емоционално нестабилна личност, покрај тоа има уште две дијагнози“.
Претставник на родителите на децата кои учат во училиштето е згрозен од односот на полицијата и властите.
„Не знам како ќе се чувствувате кога дете ви плаче и ви вели тато, бев брза. Не знам што да кажам. Оваа држава ќе ја тужам, на цело одделение му е потребна психолошка помош, доживотно. Властите велеа ова е безбедна држава, каква е оваа држава.“ - Марко Сикирица претставник на родителите.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека целата хрватска јавност е згрозена од оваа трагедија.
„Засега имаме информации дека неколку ученици се лекувани со повреди во загрепските болници. Изразуваме жалење и сочувство до семејствата на повредените деца во основното училиште во Пречко.“ - Андреј Пленковиќ премиер на Хрватска.
Според информациите на полицијата напаѓачот е поранешен ученик кој имал психичко нарушување, а пред околу една година се обидел да се самоубие.