Крвав масакр во Америка

Крвав масакр во Америка. 41 годишниот пензиониран армиски офицер Роберт Кард, инструктор по стрелање и лице со психички проблеми е осомничен за масовното убиство на најмалку 22 лица и ранувањето на 50 лица во Левистон, Мејн.

Според  Центарот за информации и анализи  Кард  бил во армиските резерви а полицијата сподели две фотографии од осомничениот, регистриран од надзорните камери како носи кафена буза и носи пушка. Властите соопштија дека лицето е осомничено дека е „вооружено и опасно“ и моментално е во бегство А полицијата им нареди на жителите на овој град да ги затворат вратите и прозорците и да не излегуваат од куќите.

Властите соопштуваат дека убиецот бил двапати разведен и татко на три деца, а неколкупшати бил пријавуван за семејно насилство. Според нивните информации, ТОЈ  бил во ментална институција две недели Оваа година, откако наводно слушнал гласови кои му рекле да пука во Националната гарда на Мејн.

Масакрот во Левистон, Мејн е 36-то масовно убиство во САД оваа година, јавува Асошиејтед прес.