Крвав инцидент во скопски Љубош, повредените донесени во Градска болница
Foto

Крвав инцидент во скопски Љубош, повредените донесени во Градска болница

Екипа на ТВ24 е пред старата Градска болница во Скопје. Забележан е крвав инцидент, има зголемено полициско присуство. 

Неофицијално во болницата е донесен повреден маж, а задното стакло на автомобилот во кој бил повредениот е скршено.

„Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Четирите лица се обезбедени, како и нивните возиола и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“ - соопштуваат од МВР.

0 Коментари

Остави коментари