Крмзов со фиктивни договори украл 38 милиони евра од државата, тврди ОЈО ГОКК

Епски криминал и најголемиот финансиски скандал во Македонија. Обвинителството со тешки обвинувања за кралот на текстилот Ристо Крмзов. 

Неговите фирми изминативе 5 години преку фиктивни договори како што посочија украле од државата близу 38 милиони евра. Голем дел од парите им легнале на сметка преку незаконски поврат на ДВВ.

На брифингот со новинарите од Обвинителството за организиран криминал - информира дека се работи за злосторничко здружување на 23 физички лица, 15 фирми и 8 инспектори од УЈП. Дел од фирмите биле наменски формирани за незаконски поврат на ДДВ од државата со фиктивни купи-продај недвижнини. Осомничените вработени во УЈП замижувале пред криминалот. 

Фирмата која купувала наплаќала ДДВ од државата, а таа која продавала не плаќала данок зашто воопшто немало трансакција во реалноста. Сите деловни простории биле лоцирани во Струмица. 

- Неколку деловни простории се продавале по неколку пати меѓу фирмите, со 4-5 договори во ист ден.Од 4.000 до 20.000 евра метар квадратен чинел деловниот простор кој фирмите меѓусебно фиктивно го продавале-купувале-препродавале и секоја си добивала од државата поврат на ДДВ Се поднесувала даночна пријава и се остварувал поврат на ДДВ, рече обвинителката што работи на случајот.

Штетата врз државниот буџет од епскиот криминал се проценува над 90 милиони евра. Обвинителството веќе побарало да се замрзне дел од имотот во сопственост на фирмите, но дали украденото ќе се врати во државната каса не се знае. Од обвинителството соопштија дека се одземени одземени документи со на 2.000 страници.