Кризата во Германија “удри“ врз македонскиот текстилен сектор
Кризата во Германија го погоди и македонскиот текстилен сектор. Германија се соочува со најголема економска криза досега, а дури 60% од извозот на домашната текстилна индустрија оди токму за Германија, затоа и најсилно ги чувствуваме последиците со намалување на извозот за 20%, тврди Анѓел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија.
Тој посочува дека луѓето во Германија сè потешко купуваат текстилни производи, што директно влијае на бројот на нарачките.
Димитров истакнува дека ваквата ситуација директно влијае на тоа да сите текстилни капацитети во земјава ја амортизираат состојбата со тоа што го намалуваат бројот на работници.
Иднината на македонскиот текстил е во преструктуирањето и создавањето на сопствени македонски брендови, за лон производството повеќе да не е единствена опција. Ова е оценката на бизнисмените кои сметаат дека Македонија не треба повеќе да зависи од останатите странски компании од овој сектор.

