Кризата во Германија и војната во Европа и тоа како влијаат врз македонската економија

Рецесијата во Германија и останатите геополитички случувања во Европа се главните причини за негативните податоци кои во континуитет ги испорачува македонската индустрија. Бизнис секторот апелира дека треба подготвени да бидеме како држава во случај кризата да се продлабочи.

Мора да се зајакнат релациите на регионално ниво, но и да се осигураат трети пазари. 

„Знали регионализација, од глобализација имавме сега мислам дека повеќе треба, по короната која ни покаѓа дека треба доста од репепроматеријалите да се обидеме да ги обезбедиме што е повеќе локално или регионално Сега овие кризи ни покажуваат повторно дека фокусот треба да биде ставен на регионализација.“ - Марија Дуковска Павловска генерална директорка на МАКСТИЛ.

Дополнителен проблем во индустријата е квалификуваниот кадар. Младите не сакаат да си ги извалкаат рацете. Работниците во фабриките, а особено во тешката индустрија се со работен стаж од повеќе децении, и ако не се најде соодветно решение ќе нема кој да ги замени. Податоците од државната статистика тоа го потврдуваат и велат дека на годишно ниво има намалување на бројот на работници за четири отсто.

„Индустријата не е атрактивна за младите луѓе. Тие сакаат повеќе канцелариска работа, да работат нешто од дома итн. Но она што нас ни треба е вработени тука во производство, кои ќе сакаат да ги извалкаат рацете и да влезат и да се занимавата со вистински и сериозни проблеми. Тоа ќе биде сериозен предизвик, беше и ќе остане. Мислам дека во следниот период ќе биде многу поголем проблем од тоа колкав волумен на производство ќе имаме, дали ќе имаме доболен број на вработени за да можеме да одговориме на сите нарачки на пазарот.“ - Марија Дуковска - Павловска генерална директорка на МАКСТИЛ.

Неколку месеци по ред индустриското производство е во минус. Се намалува производството, во Преработувачклата индустрија, намалени се активностите во рударскиот и енергетскиот сектор. Во исто време пристига и информација дека компаниите сместени во индустриските зони кои претежно се од автомобилскиот сектор и работат за извоз во западно европските земји  имаат намалување  на нарачките.