Кризата во автомобилската индустрија продолжува, македонските компании под притисок
Најавите на Трамп за зголемување на царините за алуминиум и челик најмногу ќе ги погоди европските компании од автомобилската индрустрија кои произведуваат премиум возила.
Македонските компании кои извезуваат за земјите од ЕУ не се очекува да бидат засегнати велат од охридската компанија "Костал" од каде најавуваат нови инвестиции и зголемување на извозот. Сепак состојбите на пазарот будно се следат бидејќи европската автомобилска индустрија е во криза години наназад.
Она што е позитивно за земјава е дека меѓу сите европски локации на германската компанија, македонската се издвојува според износите на инвестициите додава Мизо.
Инаку Костал е првата компанија која глобалниот корпоративен данок ќе го плаќа во Македонија.Истиот ги опфаќа големите интернационални компании, со годишен приход од најмалку 750 милиони евра прикажани во консолидираните финансиски извештаи на компанијата-мајка.
Со донесувањето, пак, на Законот за минимален глобален данок на добивка, Македонија изврши усогласување со Директивата на Советот на ЕУ. Оттаму, компаниите-ќерки предвидените 15 проценти ќе ги плаќаат во нашата земја, доколку годишните приходи се над десет милиони евра, а остварената добивка е повисока од еден милион евра.