Криза во Алијанса на Албанците
Алијансата за Албанците од крилото на Таравари се раситнува. Пратеникот Салим Сулејмани денеска преку социјалните мрежи најави оставка од сите партиски функции во рамките на Алијансата како и од неговата функција пратеник во Собранието.
- Зближувањето со ДУИ во пресрет на локалните избори донесе сериозно отстапување од принципите на кои бевме посветени. Оваа политичка соработка е прекршување на нашите ветувања и претставувањето што го заслужуваат албанските граѓани. Оваа акција е неприфатлива за мене, бидејќи не можам да бидам дел од сојуз кој е формиран за тесни политички интереси и со луѓе споменати на меѓународни црни листи поради вмешаност во сериозни работи. - Салим Сулејмани
По оставката на Сулејмани, Вреди би имала пратеник повеќе, односно нова пратеничка група со 10 пратеници. Од албанскиот владин партнер соопштија дека обидите на ДУИ да предизвика земјотрес им се вратиле како Бумеранг.
„Обидите на ДУИ преку Таравари да предизвика земјотрес во ВЛЕН се целосно неуспешни. Обидот за поделба се претвори во политички бумеранг за самите автори. Ова докажува дека ВЛЕН не е случајна коалиција, туку сериозен политички проект со силна основа и јасна визија за иднината.“ - Вреди.
И поранешниот министер Азир Алиу објави дека останува во коалицијата ВРЕДИ, истакнувајќи дека борбата против корупцијата и промените во општеството не се напуштаат на првата пречка.
Арбен Таравари пак денеска објави објави дека е горд на излегувањето на Алијансата за Албанците (АА) од Владата и порача дека ќе победат на локалните избори во октомври.
Телоп Таравари
„Горд сум на секој од вас што е дел од Алијансата за Албанците, горд сум на сите вас што цврсто стоевте при нашето излегување од Владата. На оние кои се обидуваат да нè прикажат како поделени, ви велам – вашата серија не е успешна, гордо сме посилни од кога било. Не заборавајте ние сме победниците во октомври, напиша Таравари на својот фејсбук профил
И додека превирањата во ВРЕДИ и во Владата продолжуваат премиерот Мицковски со порака- Таравари одлучи да биде маша на ДУИ и да ги одржува во политички живот. Мицковски коментирајќи ја оставката на ексминистерот за здравство и доскорешниот владин партнер порача дека калкулациите на Таравари на долг рок нема да поминат, а партијата на Ахмети ќе сфати дека нивното партнерство е со времен карактер.
Изјава Христијан Мицковски премиер на РМ
Засега нема никакви најави за некаков пресврт во владината коалиција и влез на други албански политички фактори, и покрај шпекулациите за можно проширување, при што најчесто споменуван потенцијален партнер беше другото крило на Алијансата, што го предводи Зијадин Села.