Кривичниот суд им изрече казни на уште тројца обвинети во случајот „Двојник“ кои не признаа вина
Foto

Кривичниот суд им изрече казни на уште тројца обвинети во случајот „Двојник“ кои не признаа вина

Нема посигурен начин да се намали можноста од човечки грешки, отколку да се дигитализира сè што може во правосудството кое на тој начин ќе ја зголеми ефикасноста за шеесет отсто, смета министерот за правда Бојан Маричиќ. Тој на денешната Конференцијата за ефикасност на работата на судиите и судската администрација рече дека кога се во прашање врските меѓу судиите и обвинителите од една страна наспроти обвинетите и адвокатите од друга страна како и утврдување на одговорност за бегства на осомничени луѓе, што диретктно влијае врз ефикаснста на судството, тоа се проблеми кои не се решаваат туку така.

За судијката Маргарита Цаца Николовска од Институт за човекови права нема дилема дека за подобра судска ефикасност треба да се изедначат правата на обвинителите и адвокатите кога се во прашање доказите. 

Ефикасно судство нема ниту без квалификувана и задоволна администрација. Судијата во Врховниот суд Џемали Саити, и претседател на Здружението на судии, вели дека таа е клучен фактор во судовите а зема плата на прагот на минималец. Има и такви, рече Саити на кои со децении работниот статус им се води како почетници во струката. 

Има разлика од пред две години кога е работено истражувањето за ефикасноста на судството и денес, вели претседателот на штипскиот суд  Ѓорѓи Андонов. Сепак, тој изрази сомнеж дека и новиот Правилник за оценување и унапредување на судската администрација ќе ја поправи сегашната слика за овие судски службеници. 

Конференцијата „Ефикасноста во работата на судиите и судската администрација“ е спроведен од Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Институтот за човекови права и професионалните здруженија на судии и судска администрација.

0 Коментари

Остави коментари