Полицијата во Бања Лука со кривични пријави против Давор Драгичевиќ и други три лица поради кривично дело „загрозување на безбедноста“.
Драгичевиќ се сомничи дека на 27 и 30 декември минатата година на протестите „Правда за Давид“ јавно сериозно се заканил на две лица кај кои предизвикал чувство на страв и загрозеност.
Полицијата е во потрага по Давор Драгичевиќ, татко на убиеното момче Давид. Тој последен пат бил виден на 30 декември во близина на џамија. Полицијата ги забрани протестите на групата „Правда за Давид“.
0 Коментари