Кривични пријави за поранешен директор на Клиниката за токсикологија, вработенa во агенцијата за лекови и управител на медицинска фирма
Foto

Кривични пријави за поранешен директор на Клиниката за токсикологија, вработенa во агенцијата за лекови и управител на медицинска фирма

Организацискиот директор на клиниката за токсикологија во 2016та година, иако знаел дека клиниката нема потреба од набавка на медицинска опрема, објавил оглас со цел да го добие одредена фирма и со тоа го оштетил буџетот на клиниката за нешто повеќе од 15.000 евра, соопштија денеска од Управата за финансиска полиција.

„Првопријавениот со својство на организациски директор на Клиника за токсикологија Скопје во текот  на 2016 година, потикнат од второпријавениот во својство на управител на правното лице Уни -Медикал ја искористил службената положба и овластување на начин што спротивно на Законот за јавни набавки, без да постапи целосно по Решението за давање согласност на Советот за јавни набавки, иако знаел дека клиниката нема потреба за набавка на медицинска опрема, објавил оглас за набавка на медицински средства во кој дефинирал набавка во еден неделив предмет и технички спецификации кои упатуваат на конкретно производство, со што ја ограничил конкуренцијата, а со цел фаворизирање на економскиот оператор Уни - Медикал ПСТ Скопје. - сопштија од управата за финансиска полиција.

Освен кривична против поранешниот директор за злоупотреба на службената должност, кривични се поднесени и против управителот на медицинската фирма која го добила тендерот но и против вработена во Агенцијата за лекови.

Според финансиска, управителот на фирмата поднел лажни документи за медицинското средство во Агенцијата за лекови, а вработена во Агенцијата и покрај тоа му издала одобрение за увоз. 

Од јавното обивнителство за гонење на организиран криминал и корупција пак велат  дека се уште ги немаат добиено кривчните пријави. Според информациите што ги добивме од актуелниот медицински директор на Клиниката за токсикологија, организацискиот директор против кој е поднесена кривичната пријава - веќе не работи на Клиниката.

За организациските директори на клиниките се најавуваше дека ќе бидат укинати, бидејќи тие не помогнаа во расчистување на долговите на клиниките, заради што беа поставени, а дел од јавноста укажуваше дека овие работни позиции се само за вдомување на партиски кадри и дека нема никаква потреба од истите.  

На прашањето на ТВ 24 зошто после пет години од злоупотребите се реагира од страна на институциите, од управата за финансиска полиција велат дека пријавата кај нив пристигнала кон крајот на 2018-та година, а постапиле по изештајот на Државниот завод за ревизија.

Дополнително велат дека работат и на „чешлање“  на работата и јавните набавки и на други директори на јавни здравствени установи.

0 Коментари

Остави коментари