КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ „МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ“, „ТОМАТО ПРОДУКЦИЈА“ И „БМЈ ГРУП“
Foto

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ „МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ“, „ТОМАТО ПРОДУКЦИЈА“ И „БМЈ ГРУП“

Бојан Јовановски, кој е првоосомничен за случајот „Рекет“ ќе добие и кривична пријава од УЈП за затајување на данок. Кривична пријава даночните инспектори ќе поднесат и за неговиот татко, за Јасна Мандиќ, како и за невладината Меѓународниот сојуз, БМЈ Медија груп, фирма која е сопственик на телевизијата 1 ТВ, како и Томато продукција во чии простории работеше телевизијата. УЈП ги товари за даночно затајување на над 20 милиони денари или околу 325 илјади евра.

Како што информираа од Упрвата на брифинг со новинарите, даночниците вчера го посетиле Бојан Јовановски во Шутка, но тој одбил да ги потпише нивните наоди, со образложение дека дал оставка во Меѓународниот сојуз. Пред УЈП се појавило и лице кое се претставило како нов сопственик на телевизијата и имал намера да ги врати сите долгови. Но ваквата промена, велат од УЈП, не била заверена на нотар ниту била запишан во Централниот регистар.

Додека Јовановски е во притвор неговата телевизија му продала трпезариски маси, кујни, телевизори, фотљи и друга опрема, која се уште не е платена. Телевизијата плаќала за хотели и авионски билети и скапи подароци за лица кои не биле вработени таму. Но сепак овие наоди не се доволни за поднесување кривична пријава за телевизијата, велат од УЈП.

Таткото на Бојан Јовановски добил позјамица од БМЈ медија груп во милионски суми, кои никогаш не ги вратил, а фирмата ги избришала од евиденција. Јасна Мандиќ добила дивиденда, исто така во милиони денари од 1ТВ. Намерата за неприкажување на приходи, а со тоа и помалку пари за даноци била констатирана кај сите фирми, но и кај физичките лица.

Парите од договорите склучени меѓу Сојузот со „Дрим Билдинг“ и „Пелистер“ за изградба на старечки домови биле префрлени кај Јасна Мандиќ и кај пензионерката Лилјана Тодоровска. Но даночниците не го нашле ниту проектот, ниту основот по кој парите легнале кај нив. Според банкарските трансакции, многу малку пари влегле на сметката на Сојузот, а невладината немала ниту сметководител.

- „Томато продукција“ се товари за неплатен ДДВ и персонален данок при изградба на студијата што ги користеше 1ТВ, како и за прикажување на помали приходи во нивната работа. Наодите кај оваа продукција немаат никаква поврзаност со случајот Рекет и шемата на Бојан Јовановски.

Од УЈП велат дека истрагата продолжува и кон друга компанија, која на некој начин била поврзана со Бојан Јовановски, но засега не се откриваат детали.

0 Коментари

Остави коментари